Агенцијата за стоковни резерви распиша оглас за набавка на патнички автомобил (лимузина). Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 1.694.915 денари, што значи околу 27.500 евра за службено возило.
Ова е вторпат оваа агенција да се најде на листата за јавни набавки, но првиот оглас во декември беше повлечен. Сумата е идентична, а критериумот за прифаќање на понуда е најниската цена.
Директорот на агенцијата за „ТВ 24“ вели дека се е регуларно и ги отфрла обвинувањата дека го повлекол огласот поради притисок од медиумите.
- Претходниот оглас беше повлечен поради тоа што имаше само еден понудувач со цена повисока од реалната. Огласот е објавен според годишната програма на Агенцијата со средства одобрени од Влада на РМ. Ако повторно нема реална понуда, повторно ќе биде повлечен. Шпекулации се тврдењата дека го повлековме огласот поради медиумски притисок – изјави Реси Абдурахмани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст