| четврток, 6 декември 2018 |

Арсовски: Грантот од 330.000 во фамилијата на Ласкова пример за односот снаа-свекрва

Криминалот и корупцијата цветаат исто како што цвета бизнисот на фамилијата на Цветанка Ласкова. Замислете, Фондот за злоупотреби на народни пари доделил 330 илјади евра пари на граѓаните на член од семејството на Цветанка Ласкова, која што е имено советничката на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, изјави денес на прес конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Според изборот на Фондот, над 330 илјади евра ѝ биле доделени на фирмата „Декодикс“, каде косопственик е снаата за син на Цветанка Ласкова, Христина Керкез. Иновативниот проект на Керкез е под наслов „Декодирај ме“. Да биде скандалот уште поголем, снашката на советничката на премиерот Заев ја основала фирмата само 45 дена пред да си добие грант од 330.000 евра. Добар подарок од свекрвата за новата фирма. Пример за тоа какви треба да бидат односите снаа-свекрва мислам дека треба јавно сите треба да им честитаме. Барем да беше од нејзин џеб, а не од џебот на граѓаните на Република Македонија – рече Арсовски.

Тој го повика директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски, да се засрами, да се повлече и да ги врати 10–те милиони евра.

Според него, скандалот „Криминални иновации” добива сѐ поголеми размери.

– СДСМ ветуваа по 10.000 евра грантови за млади амбициозни луѓе пред да дојдат на власт, а сега парите ги земаат директно функционерите на СДСМ. Очигледно е дека повторно се изманипулирани и ограбени граѓаните. Ова е срам, ова е јасно видлив криминал од невидени размери до сега, каде од ден на ден излегуваат сѐ повеќе скандали со кои што треба да се позанимава јавното обвинителство – додаде тој и побара Јавното обвинителство да не потпаѓа под разни притисоци и да го истера случајот до крај, а сите соучесници да одговараат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top