| четврток, 6 декември 2018 |

Заради нерасчистени семејни односи: Групна тепачка во кафеана во Сарај, се пресметале деветмина скопјани

Во текот на вчерашниот ден било пријавено дека во угостителски објект во село Сарај-скопско нарушен бил јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Х.О. (53), Х.Ф. (56), Н.А. (46), А.Л. (49) и 17 годишно лице од една страна и лицата Б.В. (33), Б.Т.К. (26), К.А. (26) и В.Ф. (21) од другата страна, инаку сите од Скопје.

Причина за тепачката била нерасчистени семејни односи и меѓусебно нетрпение. На лицата во Полициско одделение Сарај им биле изготвени записници за констатиран прекршок.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top