Млад и револтиран гевегеличанец претепак доставувач на судски покани и се заканувал на полицајци.
Полициската станица во Гевгелија поднела кривична пријава за Ѓ.В.(24) од село Стојаково за сторени кривични дела напад на службено лице при вршење работи на безбедноста и загрозување на сигурноста.
На 4 овој месец во село Стојаково, пред продавница, пријавениот откако претходно се довел под дејство на алкохол го пресретнал Р.С., вработен како судски доставувач, и изреволтиран бидејќи претходно му доставил судска покана, физички го нападнал, удирајќи го со тупаница во пределот на главата. По ова на местото на настанот пристигнале полициски службеници, а пријавениот почнал агресивно да се однесува одбивајќи да појде во просториите на ПС Гевгелија и му упатувал сериозни закани по животот на полициски службеник и на неговото семејство. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од осум дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.