| четврток, 6 декември 2018 |

Зависноста од секс е ментална болест

Светската здравствена организација официјално го класификуваше компулсивното сексуално однесување, односно зависноста од сексот, како ментална болест.

Сексуалната компулсивност вметната е на листата на Меѓународната класификација на болести, што претставува пресвртна точка во животот на оние кои боледуваат од таа болест и кои сакаат да се лечат.

СЗО не смета дека зависноста од секс се мери на основата на бројот на партнери или фрекфренцијата на сексуални односи. Зависноста се однесува на влијанието на сексот на животот на личноста до моментот кога тие ќе почнат да го занемаруваат своето здравје, грижата за себе и другите интереси, активности и одговорности.

За сексуалната компулсивност да може да биде дијагностицирана, личноста мора да има симптоми барем шест месеци.

Занемарувањето на обврските и одговорностите поради зависноста од сексот може да влијае на работата, учењето, семејството и пријателите.

Експертите ширум светот ја поздравија одлуката на СЗО, бидејќи таа ќе доведе до истражувања и третмани во таа област. Иако во моментот постојат неколку третмани, тие се надеваат оти тоа наскоро ќе се промени.

Многу луѓе кои патат од зависност од сексот тоа тешко го прифаќаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top