За видот на референдумот, дали да биде консултативен или задолжителен, потребно е да се исполнат два основни услови, вели поранешниот член на ДИК Александар Даштевски.
-Кај двата облици на референдум, целокупната постапка предвидена во законот треба да биде фер и демократска за да биде успешен. Треба да бидат обезбедени двата кумулативни услови, излезност од над 50% од запишаните избирачи (односно над 907.000 избирачи) и во таа бројка 50% плус 1, да гласаат “за” поставеното прашање. Во тој случај не е многу важно дали референдумот ќе биде задолжителен или консултативен, бидејќи условите се исти, освен ако не се работи за прашање кое е предвидено во членот 23 и 29 од Законот за референдум, вели Даштевски.
Тој додава дека обврска на институциите на системот е да формираат недвосмислено прашање, за кое ќе постои нацинален консензус.
Во согласност со Член 15 став 4 од Законот за референдум, прашањето на гласачкото ливче мора да биде прецизно формулирано и недвосмислено, така што граѓанинот на референдумот да може да одговори со “’ЗА“ или “ПРОТИВ“. Затоа не смеат да се поставуваат прашања кои се надвор од темата или од друга тема, бидејќи тие можат да ги збунат граѓаните и референдумот да не успее, објаснува тој.
Секој обид, на власта да се одлучи за политичко насилство и да го спроведе ова во Собранието на Републока Македонија, со тврдоглаво туркање на сопствена агенда, со поставување на двосмислено прашање, може да остави црна дамка, со историски последици, како што беше случајот со Референдумот 2004 година, вели поранешниот член на ДИК.
-Прашањето мора да биде кристално јасно и недвосмислено, поврзано со спогодбата. Во спротивно нема потреба од референдум, бидејќи според спогодбата тој и така не е задолжителен, па подобро да нема отколку да биде во спротивност со Уставот и законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст