| четврток, 6 декември 2018 |

Челси, Баерн и Дортмунд во битка за Марсијал

Францускиот фудбалер, Антони Марсијал по се изгледа ги минува последните денови како играч на Манчестер јунајтед бидејќи и самиот тој, а и „црвените ѓаволи“ сакаат да ја раскинат соработката. Како што јавуваат медиумите од Островот, постојат три дестинации каде тој би ја продолжил кариерата: Челси, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Челси се уште не испратиле понуда за Марсијал, меѓутоа овој тим бил нај заинтересиран од британските клубови за неговиот трансфер. Веројатно Челси ја чека разврската со понудата на Барселона за Вилијан, па тие пари да ги искористи за трансферот на Французинот.

Од Германија пак доаѓаат информации дека Баерн и Борусија веќе ги започнале преговорите со Манчестер јунајтед, меѓутоа сумата што ја нудат овие клубови не ги задоволува апетитите на тимот од „Олд Трафорд“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top