| четврток, 6 декември 2018 |

Автобус и камион се судрија на патот Велес – Штип

Автобус и камион се судриле околу 13:20 часот во велешко, потврдуваат од МВР. Неофицијално над 10 лица се повредени во несреќата.

Од полиција информираат дека несреќата кај нив е пријавена пред еден час, а истата се случила на патот Велес – село Мамутчево при судир на автобус и камион.

Полицискиот увид е во тек, а засега не е познато дали има евентуално повредени лица.

Повеќе информации очекуваме наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top