По получасовната пауза, во Клубот на пратениците продолжи средбата на лидерите на четирите најголеми партии. Нема информации за што се разговорало во првиот дел од денешната трета лидерска средба во последните пет дена.
На лидерскта средба во Клубот на пратениците присуствуваа премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети од ДУИ и Билал Касами од БЕСА.
Лидерите на политичките партии денеска повторно ќе се обидат да ги испеглаат разликите и да постигнат политички договор во врска со претстојниот референдум, датумот, референдумското прашање, неговиот карактер, изборот на ДИК…
Инаку, првите две лидерски средби се одржаа минатата недела- едната во проширен состав со присуство на лидерите на партиите кои имаат повеќе од еден пратеник во Собранието, а втората во скратен состав по барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
И на денешната средба во Клубот на пратениците Заев е придружуван од вицепрмиерката Радмила Шеќеринска, Мицкоски е со професорката Тања Каракамишева, Али Ахемти се вицепремиерот Бујар Османи, додека Хасами е придружуван од Аријанит Хоџа.
По завршување на средбата се очекуваат изјави од лидерите.
(фото – Република)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст