| четврток, 6 декември 2018 |

Почна снимањето на играниот филм „Лена и Владимир“

Во паркот Сарај викендов почна снимањето на македонскиот долгометражен игран филм „Лена и Владимир”. Филмот се снима според сценарио на Александар Русјаков, во режија на Игор Алексов и директор на фотографија е Душан Кардалевски.

Снимањето на овој филм ќе трае 4 недели во Скопје и околните населби и села. Како главна локација за снимање на овој филм е локацијата во паркот Сарај каде што всушност се случува голем дел од дејствот во филмот.

„Лена и Владимир“ е проект поддржан и финансиран од Агенцијата за Филм на Р. Македонија и во продукција на Минд продукција – Скопје. Како продуценти на овој филм се јавуват Дејан Илиев и Илија Циривири.

Главните улоги ги играат актерите: Тони Наумовски и Сара Климоска. Додека пак актери кои ги играат споредните улоги се: Петар Мирчевски, Петар Арсовски, Благоја Чоревски ,Кирил Коруновски, Луран Ахмети, Дениз Абдула и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top