| четврток, 6 декември 2018 |

Силви и Влатко со „Коштана“ на сцената на Долни Сарај

Култниот мјузикл „Коштана“ од Борисав Станковиќ, во музичка адаптација на Влатко Плевнеш, кој се игра веќе десетина години и предизвикува голем интерес, публиката во Охрид можеше да го погледне синоќа на сцената на Долни Сарај во Охрид.

Улогата на Коштана ја толкува пејачката Силвана Мучиќ Плевнеш, а, освен неа, дел од ансамблот се и голем број актери и музичари.

Гледачите имаа можност да уживаат во неповторливата и оригинална изведба на Силви на „Шано душо“, „Отвори ми, бело Ленче“, „Крај Вардара седеше“…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top