| четврток, 6 декември 2018 |

Воз прегази двајца мигранти во Грција

Грчката полиција соопшти дека двајца мигранти загинале, а еден е повреден на североистокот од земјата, кога во нив удрил локален воз.

Полицијата наведе дека возот што сообраќал на релација Александруполис-Орменио, долж грчко-турската граница удрил во трите лица кои чекореле по пругата.

Несреќата се случила во два одвоени инциденти, но причината е истиот воз.

Машиновозачот најпрво ја пријавил едната несреќа во која удрил двајца мигранти од кои едниот настрадал, а другиот е повреден, по што продолжил да вози и прегазил уште едно лице што починало.

Мигрантите често ја минуваат границата со Турција и потоа во Грција пеш одат по пругата во текот на ноќта. Националноста и идентитетот на мигрантите не е соопштен.

 

извор:макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top