| четврток, 6 декември 2018 |

Српска манекенка распната, објавила селфи покрај мртвиот татко

По интернет кружи фотографија на Јеца Љ., како што и гласи профилот на Инстаграм и Фејсбук, на која во прв план е нејзиниот полупрофил, а во позадина човек во болничка постела. Освен себе и татко си, на фотографијата се наоѓаат и три емотикони кои плачат, како и скршено срце…
Српската манекенка и пејачка Јелица Љубичиќ дошла на насловните страни на британските портали откако пред два дена објавила селфи кој во најмала рака е скандалозен.
Имено, по интернет кружела фотогрфија на Јеца Љ, како што и гласи профилот на Инстаграм и Фејсбук, на која во прв план е нејзиниот полупрофил, а во позадина човек во болничка постела. Освен себе и татко си, на фотографијата се наоѓаат и три емотикони кои плачат, како и скршено срце..

Покрај емотиконите пишува „Почивај во мир мил тато“, пишува Metro.
Јеца Љ. на Инстаграм има повеќе од 26.000 следбеници, но профилот сега и е заклучен. Наместо насловна фотографија сега стои само црно поле, кое означува дека е во жалост.
Спорната фотографија наводно се наоѓа и на Фејсбук со текстот:„Се боревме колку што можевме, но тоа не е наша воља. Ние не донесуваме одлука колку ќе живееме. Не напушти во 67. година. Фала ти на се, фала што сум ти ќерка, а ти што си ми татко. Ти благодарам што не изведе на вистински пат. Почивај во мир, секогаш ќе останеш во нашите срца“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top