| четврток, 6 декември 2018 |

Крвав инцидент во автобус на ЈСП: Малолетник избоден со нож 22-ка, двајца приведени

Вчера околу 23.15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека во Автобус на ЈСП бр.22, кој сообраќал на релација Центар –Волково, во близина на Поликлиниката – Ѓорче Петров, по претходна вербална расправија на две групи, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка.

Притоа лицето Н.М. (17) од Скопје се здобил со телесни повреди нанесени со нож (две посекотини на десната нога) по што е пренесен во болницата “8-ми Септември“ каде што му е укажана лекарска помош и е пуштен дома.

Потоа Н.М. отишол во полициска станица и дал изјава за настанот. Две лица се приведени во Полициска станица. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top