Тргнаа на летување, а летнаа во провалија… Иван (24) и Ана (19) го загубија животот сообраќајна незгода…” – со оваа порака и со поставување скршено возило во Градскиот парк во Скопје, РСБСП, МВР, Америт и Град Скопје преку визуелен приказ ќе предупредат за опасностите што со себе ги носи неодговорното, несоодветното и несовесното учество во сообраќајот.
Воедно, ја продолжуваат кампањата за подигнување на свеста кај возачите, под мотото „Не летај, летувај!” Скршеното возило што ќе биде поставено кај фонтаната во Градскиот парк ќе биде на оваа локација сѐ до завршување на летото.
Примарна цел за автентично прикажување на последиците од неодговорно и несоодветно учество во сообраќајот со фатален крај е подигнување на свеста кај возачите за безбедно, одговорно и смирено учество во сообраќајот. Само кога вака ќе се вклучат во сообраќајот, патувањето до посакуваната дестинација ќе биде безбедно, а личниот и животот на другите патници ќе бидат заштитени.
РСБСП уште еднаш ги потсетува возачите дека, возењето под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената се најчестите причини за сообраќајни незгоди во перидот на годишните одмори. Возилото е поставено токму во Градскиот парк бидејќи токму таа улица е најфрекфентна во градов, улица по која младите најчесто се движат во текот на ноќните часови.
Како Совет надлежен за безбедноста во сообраќајот на патиштата во Република Македонија, правиме максимални напори, низ кампањи, со совети и преку медиумски презентации да влијаеме на квалитетот на движење по патиштата, на почитување на сообраќајните правила и прописи и секако, на заштита на човековиот живот.
„Искрено, сметаме дека вистинските приказни се тажни и болни, но за жал, понекогаш тие се единствениот начин да покажеме дека една минута невнимание може да значи изгубен живот.”
Според статистиката на МВР, вкупно 155 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди во 2017 година. Во нив, голем број се млади лица на возраст од 15 до 40 години, односно таа бројка изнесува 66 загубени млади животи. Минатата година, речиси секојдневно се случувале сообраќајни незгоди со фатални последици (4020), а најголемиот дел од нив (438) се случиле во месец јули. Статистиката говори дека и оваа година повеќе од 65 лица загинале на патиштата во Македонија.
Од РСБСП уште еднаш апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и внимателно да се вклучуваат во сообраќајот.
Не дозволувајте моментите за уживање да завршат фатално, предупредуваат од РСБСП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст