| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка кај патарината кај Петровец – има повредени

Во текот на вчерашниот ден во 15 часот и 20 минути на автопат од Велес кон Скопје, во близина на патарината кај Петровец се случила сообраќајна незгода.

Полицијата денеска информира дека настанал судир помеѓу патничко моторно возило “Пежо 206“ со скопски регистерски таблици управувано од 53-годишниот М.П. од Скопје и моторцикл “Дукати Панигале“ со скопски регистерски таблици управуван од 44-годишниот Љ.К. од Скопје од друга страна.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош возачот на моторот бил пренесен во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди по што бил задржан на понатамошно лекување.

Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top