
На самиот почеток на подготовките за новата сезона македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас почнува да ги освојува симпатиите на новиот тренер на Фенербахче, Холанѓанецот Филип Коку. Еламс одигра одлично на денешниот пријателски меч со Фенорд кој заврши 3-3 во кој Македонецот го постигна првиот гол за совјот тим и ги одигра сите 90 минути.
На прес-конференцијата по натпреварот, тренерот Коку беше прашан за Елмас и за Бариш Аличи (21), уште еден млад фудбалер на Фенер, кој одигра добар меч.
– Не само навивачите и медиумите, туку и ние сме среќни со нив, бидејќи сметам дека одиграа фантастичен натпревар. Во оваа возраст лесно се забележува дека секој играч е различен, па затоа единствената разлика меѓу нив е тоа што физичката подготвеност на Елиф е импресивна. Тој може да игра без проблем 120 минути. За Бариш тоа е аспект кој се уште треба да го гради, меѓутоа начинот на кој играше, односно на кој сакаме да игра е одличен, тој заврши добра работа. Значи тие се два примера за млади играчи, кои одиграа зрел натпревар. Треба да им бидат пример на другите млади играчи, рече Коку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


