| четврток, 6 декември 2018 |

Дознала дека сопругот е неверен, ја намамила љубовницата, ја врзала и ѝ ставила лут сос…

Сопругата од еден неверен Холанѓанец предизвикала вистинска драма со љубовницата од својот сопруг која ја намамила во својот стан, ја врзала, и ставила лут сос во половиот орган, а на крај и ја избричила и главата.

Инцидентот се случил во холандскиот град Зундерт, а жената идентификувана како Халима, е осудена на 160 дена затвор поради напад.

Халима исто така мора да одработи 120 часа добротворна работа, да оди кај психолог и да и плати на жртвата 52.000 евра оштета, пишува „Мирор“ .

Откако дознала дека мажот ја изневерува со една од нејзините пријателки, Халима со сосетката смислила план и ја намамила љубовницата во својот стан, каде ја совладала, врзала, па и ставила лут сос во вагината, на крај и ја избричила главата и ја истепала.

На суд изјавила дека на мажот ќе му даде втора шанса, иако планирала да се разведе.

– Сакав да се разведам, но неочекувано останав трудна. Моите деца се се уште премали. Му простив, но не заборавив – кажала Халима.

Сосетката на Халима е осудена на три месеци затвор поради помагање во нападот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top