Уште еден скандал во Фондот за инвации. Компанијата Кодинг – Горска ДООЕЛ добила 18.227.237 денари, односно 296.000 евра од Фондот за иновации за „Воведување на нов вид на производ во нова амбалажа, дизајн и етикета за горска вода со алое вера и ацерола“.
Директор на производство (практично втор човек), во оваа компанија е Горан Тодоров, претседател на општинската организација на СДСМ Кавадарци. Иновативноста која ја покажува компанијата на Тодоров, е во тоа што измислиле нова амбалажа, етикета и водата ќе им била со вкус на алое вера и ацерола, објави Лидер.
Инаку, Тодоров не е единствениот Социјалдемократ иноватор. До сега, Лидер откри дека печатницата на пратеникот од СДСМ Хари Локвенец добила 10 милиони денари од Фондот за иновации, а истата сума ја добил и провладиниот весник „Слободен печат“. Во исто време, вчера ТВ Алфа откри дека истата сума ја добила и компанија на вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст