Славниот џет сет брачен пар Дејвид и Викторија Бекам со децата претходните неколку дена летуваа на луксузниот Свети Стефан, по одморот тие планираат да купат луксузна недвижнина во Црна Гора. Семејството Бекам синоќа со хеликоптер отпатува од Свети Стефан, а она што е најинтересно за медиумите беше фактот што популарната „ледена кралица“ ниту еднаш не се избањала во Јадранското море, наводно поради тоа што водата била многу солена.
Задоволни од одморот на Свети Стефан, Дејвид и Викторија се подготвени да купат недвижнина, апартман од 200 квадрати на последен кат на еден луксузен комплекс во Будва.
„Престојуваа на Свети Стефан, но го прошетаа целото приморје, нарочито им се допадна Будва, дури и се распрашаа за инвестиција во луксузен комплекс која има и спа центар“, изјави за медиумите анонимен извор близок на Бекамови.
Инаку, Црна Гора им се допаднала поради тоа што луѓето на улица не ги запирале и целото семејство Бекам можело нормално да се движи и шета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст