| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен Малиот групен дом во Тимјаник

Денеска беше отворен Малиот групен дом во неготинското село Тимјаник каде што ќе бидат сместени Мартина, Аделина, Никола и Антонио, четири деца со попреченост. Тие ќе бидат сместени во овој Центар  откако го напуштија Специјалниот завод Демир Капија, во рамките на процесот за деинституционализација.

Претходно други три дечиња беа сместени во мал групен дом во Неготино.

– Станува збор за десетгодишна стратегија и не се однесува само за деца, туку за сите лица сместени во институции. До 2020 година деца до три години нема да има во институција. Но јас мислам дека и деца до 18 години нема да има во институција. Затоа што штета е секој ден поминат во институција – изјави Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.

Се разгледуваат сите можности за градинка во селото и  нова градинка во Неготино за следната година.

Градоначалникот апелираше доброто да го победува лошото и тоа да биде главната водилка, осудувајќи ги сите оние недолични изјави на поединци, кои првично беа против ваков дом во Тимјаник, поради својата неинформираност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top