| четврток, 6 декември 2018 |

Судот во Лозана ја прифати жалбата – Милан се враќа во Европа

Екипата на Милан следната сезона сепак ќе игра во Лигата на Европа затоа што Судот за спортска арбитража донесе позитивна одлука и ја прифати жалбата на „росонерите“.

УЕФА пред извесно време го исфрли Милан од европските натпреварувања и го суспендира на една година поради кршење на правилата на финансискиот фер-плеј, но „росонерите“ побараа да се достават извештаите за ПСЖ, Манчестер Сити и Интер.

Судот во целиот случај застана на страната на Милан и наводно побарал достава на извештаите на европските фудбалски великани, за да се направи споредба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top