Бразилската ѕвезда од редовите на ПСЖ, Нејмар, истакна дека ќе му биде голема чест што од следната сезона ќе ја дели соблекувалната со легендарниот голман, Џиџи Буфон. Италијанецот неодамна потпиша двегодишен договор со францускиот шампион кој ќе биде прв клуб за него за кого ќе игра надвор од Италија.
– Ќе ми биде чест да ја делам соблекувалната со брилијантен голман како Џиџи Буфон поради неговата историја, но и поради неговата личност. Тој има многу квалитети, изјавил Нејмар за „Фокс Спорт“ и додал дека нема намера летово да го напушти францускиот шампион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст