Јубилејната 30-та Поетска ноќ во Велестово ќе со одржи на 20 и 21 јули на локации во Велестово и Охрид. Оваа година Поетската ноќ ќе биде посветена на современата македонска поезија, а на самата вечер ќе учествуваат шест поети и тоа: Јовица Ивановски, Тихомир Јанчовски, Елизабета Баковска, Николина Андова Шопова, Ѓоко Здравески, Исток Улчар.
Во тремот на црквата „Успение на Света Богородица“ ќе биде отворена изложба „15 години – Арт поинт гумно“ со дела на уметници од цел свет.
Настанот започнува во Петок 20 јули пред чешмата во Велестово
Во сабота на 21 јули предвидено е гостување на поетскиот настан „Имам нешто да ти кажам“ во кафе бар Шила.
Во рамки на манифестацијата, а во соработка со Фондација Славко Јаневски и МАНУ ќе се одржи промоција на романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска добитник на наградата Роман на годината“ за 2017 година. Настанот ќе се одржи сабота 21 јули во 20 часот во Уранија.
Во рамки на јубилејот ќе биде издадена и книгата „Гласови на новиот век“ – панорама на поновата македонска поезија. Исто така и јубилеен број на весникот на Манифестацијата.
Во подготовка е и монографија „30 години Поетска ноќ во Велестово“ која ќе биде промовирана следниот месец.
Оваа година иако јубилејна, првпат после девет години Поетската ноќ во Велестово нема да биде Меѓународна. Тоа се должи исклучиво на немањето поддршка од Министерството за култура кое и покрај силните заложби за децентрализација на културата не ја подржа нашата манифестација.
Заради тоа од планираната програма отпаднаа:
Гостување на 5 хрватски поети и издавање книга посветена на современата хрватска поезија.
Ноќта посветена на Хаику поезијата.
Гостување на организатори на сродни манифестации од Европа
Настап на претходни учесници на манифестацијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.