Многу лошо ќе влијае времето овие денови врз граѓаните, поточно до крајот на оваа недела.
Од есенски температури кој се мерат во утринските часови за само 24 часа овој викенд температурите на воздухот нагло ќе пораснат и во недела максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 29 степени, јавува „Метеомакс“.
Поради изразеното југозападно и западно воздушно сттуење, како и поради транспортот на прашина и на песок од Сахара, но и поради релативно високата влажност во воздухот граѓаните ќе чувстуваат мачнини, тежнина на телото, кај некои е можна појава и на главоболка, несоница, нервоза како и болка на местата од старите рани. Ова се однесува особено на метеопатите.
Како што најавивме овој топол бран ќе трае релативно доста кратко и од понеделник па натаму ќе започне пад на температурите на воздухот иако и во понеделник и покрај тоа што температурите ќе бидат малку пониски, сепак, се уште ќе биде многу топло.
Исто така во текот на следната недела атмосферата ќе се дестабилизира со што растат условите за дожд, грмежи и локално невреме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.