| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп го кани Путин на есен да го посети Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп му наложил на советникот за национална безбедност Џон Болтон да го покани рускиот претседател Владимир Путин на есен да го посети Вашингтон.

Тоа го соопшти портпаролката на Белата куќа Сара Хакеби Сандерс. Таа додаде дека разговорите веќе биле во тек и оти до состанокот би дошло во Белата куќа.

Претходно Трамп на твитер напиша дека се „радува на втора средба со Путин“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top