Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по завршувањето на денешната лидерска средба во скратен состав изјави оти на неа се разговарало за теми кои биле дел од веќе отворените преговори во март-април и оти за некои од нив позицијата и опозицијата успеале да ги приближат ставовите, а за некои од нив тоа не е направено.
– Ако веќе се стремиме кон европските принципи треба така и да се однесуваме, а не само декларативно, треба да ги почитуваме Уставот и законите, а не да поставуваме повеќесмислени прашања за граѓаните, рече Мицковски, кој посочи дека разговорите продолжуваат или во недела навечер или понеделник наутро.
На состанокот, рече тој, се уште не се отворила темата за евентуалната можна формулација на референдумското прашање кое вчера го соопшти премиерот Заев, а кое гласи: Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција.
Како што најави Мицкоски, за сите овие прашања денеска ќе разговараат највисоките партиски тела – Извршниот комитет и на Централниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно премиерот Заев порача дека стратешка цел на Република Македонија е полноправно членство во ЕУ и НАТО и оти нема компромис за тие стратешки цели, но и оти нема директна или индиректна амнестија. Лидерот на ДУИ Али Ахмети, пак, побара да не се пропушти историската шанса за државата, а претседателот на БЕСА Билал Касами најави придонес за постигнување договор меѓу партиите во интерес на формирање на ДИК и успешен референдумски процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи