Вчера во Полициската станица Центар, В.Р. (86) од Скопје пријавил дека во петокот околу 11 часот во Комплексот клиники “Мајка Тереза” од страна на непознато лице му била извршена измама при што бил оштетен за 18.000 денари.
Имено, сторителот откако дознал за што бил дојден пријавителот на клиниката, му кажал дека ќе треба да направи снимка на магнетна резонанца на Клиниката за радиологија и дека за истото било потребно да му даде 4.000 денари. Бидејќи оштетениот ја немал бараната сума во него отишле до банкомат каде сторителот со картичка на пријавителот извадил одредена сума, ги зел парите и му ја вратил картичката на оштетениот.
Откако се вратиле на Клиниката за радиологија сторителот му рекол на В.Р. да го чека, по што заминал и не се вратил.
На 17.07.2018 година пријавителот извадил извештај од банка и забележал дека на 13 јули од кредитната картичка во два наврати се подигнати вкупно 18.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст