Премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска затечени на лидерската средба, дознава „Република“. Според нашите сознанија Заев и Шекеринска дошле целосно неподготвени на средбата. Особено конфузна и нeподготвена била Шекеринска, што на моменти ги засмевало учесниците на средбата.
Во првиот дел од состанокот се покажало дека СДСМ нема одговор на ниту едно од реалните барања на ВМРО-ДПМНЕ. Дознаваме дека воопшто не станало збор за широка амнестија, како што тврдеше СДСМ дека било побарано.
Нашиот извор вели дека вицепремиерката немала познавања од законските нормативи и погрешно цитирајќи закони, покажала дека СДСМ неmа концепт ниту план за идното делување. Единствена грижа на Заев е да помине договорот со Грција, за кој е свесен дека нема поддршка од народот.
Во првиот дел од состанокот воопшто не станало збор за референдумот и за референдумското прашање.
Во тек е пауза по двочасовна дебата на втoриот обид да се одржи лидерска средба во Клубот на пратениците.
Фото: Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


