| четврток, 6 декември 2018 |

Бекамови купуваат луксузен апартман во Будва

Славниот брачен пар Бекамови со хеликоптер отпатуваа на летување на Свети Стефан, каде престојуваат во последните неколку дена, а она што е најинтересно е дека „ледената кралица“ Викторија, ни еднаш не влегла во вода, наводно водата била премногу солена.

Викторија и Бекам со децата се одмараа во Црна Гора, а планираат и да купат луксузни недвижности токму во Будва.

Имено на поранешниот фидбалер му се допаднал имот со 200 квадрати на последниот кат во луксузен комплекс во Будва.

-Престојуваа на Свети Стефан, но прошетаа низ приморјето и најмногу им се допадна Будва, па се распрашуваа за инвестиција во луксузните комплекси кои се со спа- центри, вели извор.

Најмногу од се во Црна Гора им се допаднало тоа што луѓето не ги застанувале на улица, и може слободно да шетаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top