| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени напаѓачите на Сергеј Скрипал и неговата ќерка

Британските истражители соопштија дека ги откриле осомничените напаѓачи, кои стојат зад нападот со Новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Тие беа отруени во март во Англија, поради што беа хоспитализирани, но и двајцата се опоравија.

Британската полиција се сомнева дека повеќе Руси се вмешани во обидот за убиство на Скрипалови и трагаат за повеќе од еден осомничен, наведува АП. Истражителите ги идентификувале осомничените на снимките од надзорните камери и ги споредиле добиените податоци со податоците за лицата кои во тоа време влегле во земјата.

Изминатите недели, британската антитерористичка полиција го истражувала и убиството на жената која почина на 8 јули, една недела откако беше изложена на Новичок во близина на англискиот град Солсбери, каде беа отруени и Скрипалови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top