Хрватска на големо го славеше успехот на своите фудбалери, а најголем трагичар на екипата беше Никола Калиниќ кој уште на почетокот на првенството беше избркан од составот.
И кога „коцкестите“ стигнаа до ласкавото сребро, логично беше прашањето – дали и Калиниќ ќе добие медал? Од Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) бргу се растоварија од должноста и рекоа дека фудбалерите се тие кои ќе решат, а синоќа во емисија на ХТВ, портпаролот на ХНС, откри што е решено со „протераниот“.
– Протеран е малку пресилен збор, тој е со одлука на селекторот оддалечен од составот и тоа на крај, очигледно, се покажа како добар потег. Што се однесува до медалот, она што јас го знам е дека Никола Калиниќ, со одлука на играчите и на стручниот штаб ќе го добие својот медал, изјави Пачак.
Калиниќ беше отстранет од репрезентацијата по натпреварот со Нигерија, прв за Хрватска на шампионатот, затоа што одби да влезе во последните минути од мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст