Гевгеличанката Елизабета Савиќ Динева (31) починала на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) откако во критична состојба била донесена од Клиниката за неврологија, а блиски пријатели на пациентката обвинуваат за грешка на здравствениот систем.
– Пациентката кај нас беше донесена во крајно критична состојба, без дишење. Еден час лекарите на КАРИЛ се бореа за нејизниот живот и дадоа се од себе – изјави за „Република“ д-р Маја Мојсова, раководилтел на КАРИЛ.
Во разговорот д-р Мојсова објасни дека доктор од КАРИЛ бил повикан на консулатации додека пациентката престојувала на Клиниката за неврологија.
– Пациентакта била свесна, разговарала со лекарот. Немала епи-напади (епилетични нападаи, з.а.). Напротив, јадела во креветот додека докторот од КАРИЛ бил да ја прегледа – изјави д-р Мојсова.
На прашањето за наводната лекарска грешка за која говорат блиските во семејството, д-р Мојсова вели дека семејството има право да поведе поставка во која ќе се утврди дали станува збор за грешка на лекарите.
– Родилката од болницата во Гевгелија била препратена на Клиниката за неврологија. Таму е лекувана според протоколите – вели д-р Мојсова.
Савиќ-Динева се породила на 29 јуни во Гевгелија, со царски рез и на свет донела здраво бебе. По три дена таа била пуштена дома заедно со бебето. Состојбата и се влошила додека била дома, добила грчеви, и оттаму заминала во болницата во Гевгелија. Веднаш била препратена на Клиниката за неврологија во Скопје каде што била третирана по сите протоколи.
Неофицијално, причина за смртта е тромб или анеуризма. Како што дознаваме, наводно имала и епилептичен напад. Неофицијално, таков напад првпат имала на 11 години.
Ова не е е првпат болницата во Гевгелија да се најде во центарот на случувањата кога станува збор за родилките во овој град. Јавноста уште се сеќава на случајот со родилката Маја Кадиева.
Досие „Родилката од Гевгелија“: Бебето се родило живо, мајката починала од насилна смрт
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст