| четврток, 6 декември 2018 |

Апелација за потврди условната казна на Ивона Талеска

Апелациониот суд Скопје ѝ ја потврди условната затворска казна на новинарката на ТВ „Сител“ Ивона Талеска.

– Апелациониот суд во врска со предметот познат во јавноста како „Тифани“, по одржана јавна седница, донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје, жалбата на обвинетата И.Т. и жалбата на обвинетото правно лице Друштво за маркетинг и пропаганда С.Г. ДООЕЛ С – соопшти Апелациониот суд Скопје.

Второстепениот суд ја преиначил само споредната, т.е. паричната казна за Талевска, во однос на валутата во која е изречена. Пресудата ја донесе судискиот совет со кој претседаваше судијката Софија Лаличиќ во февруари. Талеска, откако ја призна вината дека затајувала данок, беше осудена на две години условна затворска казна, според која во наредните 4 години не треба да направи ново кривично дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top