
Претседателот Ѓорге Иванов во рамки на официјалната посета на Република Молдавија, денеска имаше средби со молдавскиот премиер Павел Филип и со претседателот на Парламентот на Молдавија, Андриан Канду.
На средбата со премиерот Филип, како што соопшти кабинетот на Иванов, биле поздравени пријателските односи меѓу двете земји и бил изразен интерес за интензивирање на севкупната билатерална соработка. Иванов и Филип ги разгледале можностите за зголемување на економската соработка, преку искористување на постоечките потенцијали и унапредување на договорната рамка меѓу двете држави.
Претседателот Иванов истакнал дека Република Македонија ги поддржува европските перспективи на Република Молдавија и имплементацијата на Спогодбата меѓу Република Молдавија и ЕУ, која вклучува одредби за сеопфатен договор за слободна трговија.
Македонскиот претседател изразил отвореност за размена на искуства во однос на ЕУ и подготвеност за меѓусебна помош. На средбата биле разменети мислења и за сличните предизвици во однос на ЕУ со кои се соочуваат Македонија и Молдавија како две мали држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


