| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО – ДПМНЕ ќе присуствува на денешната лидерска средба

ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на денешната лидерска средба која премиерот Заев ја закажа за попладнево во 18 часот, потврдуваат за „Република“ од партијата.

Се очекува на средбата да се разговара за деталите за референдумот, особено во делот на изборот на нов состав на ДИК. Оваа тема вчера предизвика жестока расправа во Собранието. Владата достави предлог-закон за измени на Изборниот законик со кој е предвидено членовите на ДИК да се избираат со апсолутно, наместо со двотретинско мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ е против овој предлог. Оттаму обвинуваат дека со ваквиот потег владејачката партија сака да ги заобиколи демократската процедура и воспоставената демократска пракса овие измени да се носат во консултација и согласност со опозицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top