| четврток, 6 декември 2018 |

Ја удрил со „Ауди“ и избегал од местото на несреќата – Тешко повредена скопјанка

Седумдесет и двегодишната скопјанка М.А. вчера се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа откако патничко моторно возило „Ауди“ со италијански национални ознаки управувано од непознато лице, удрило во неа, а по незгодата го напуштило местото на настанот.

Како што соопшти МВР, сообраќајката била пријавена вчера во 10.55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, а се случила на крстосницата од булеварот „Гоце Делчев“ со улицата „1732“.

– Од незгодата со повреди се здобила М.А. која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош и од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди по што била задржана на понатамошно лекување, посочуваат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top