| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Расчитен случајот со оставеното бебе во Битола, кривични за мајката, сопругот и дедото

Од МВР денеска информираат дека Секторот за внатрешни работи Тетово и Секторот за внатрешни работи Битола целосно го расчистиле случајот со новороденчето, кое на 2 јули годинава беше оставено и пронајдено пред Домот за доенчиња во Битола и поднесоа кривични пријави против три лица: малолетната мајка на бебето, нејзиниот невенчан сопруг и нејзиниот татко.

Поради основи на сомнение дека сторилa кривично дело „напуштање немоќно дете“ – поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против 17-годишната мајка од Желино (член 200 од КЗ на Република Македонија).

Поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „вонбрачен живот со малолетно лице“ (член 197 од Кривичниот законик на Република Македонија) до ОЈО Тетово пријавен е 27-годишниот Ш.А. од тетовското село Долна Лешница, а за истото дело се сомничи и 38-годишниот Б.А. од тетовско Желино, кој и допуштил, односно и дозволил на малолетничката да живее во вонбрачна заедница со друго лице.

(ф0то – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top