Силно невреме синоќа го погоди подрачјето на Шибеник, при што еден човек го загуби животот.
Хрватските медиуми пишуваат дека итните служби интервенирале во текот на целата ноќ, а ветерот корнел дрва и покриви.
-Според нашата евиденција, утрово до 6 часот, на подрачјето на Шибеник и Бродарица, оштетени се 16 автомобили, изјави службеник од центарот на Итната служба.
Пријави за уништени возила, меѓутоа, пристигнале и по шест часот.
Мажот кој го загуби животот, за време на бурата пловел со рибарски брод, околу 23:30 часот. Покрената била голема потера што завршила трагично. Околу 3 часот по полноќ, мажот бил пронајден мртов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


