Луна Џогани е на мета во јавноста, но и во семејството откако започна врска со оженетиот Слободан Радоновиќ за време на реално шоу кое беше вистински хот во Србија.
Нејзиниот чичко Џоле Џогани го осуди нејзиното однесување, па и испрати порака во која нашироко објаснува што смета за погрешно.
– Драга Луна, оној ден не стигнавме да зборуваме и искрено да ти го кажам своето мислење за настапот во реалното шоу. Ти знаеш дека бев против тоа, но на крајот не одлучувам јас туку твоите родители и ти, со тоа дека ти како полнолетна ја превзема одговорноста за своите постапки, дела и не дела која ги правиш, одговорна си за однесувањето и на крајот ако добиеш награда во смисла на убави зборови или критики, и тоа е твое. Тоа нема врска со нас, ние сме одговорни за нашите малолетни деца додека не наполнат 18 години. Ние во емисија не сме те нападнале тебе како личност и дете од семејството, туку сме изјавиле дека не си се „покажала најдобро“. Го осудивме твоето однесување, тоа се две различни работи – личност и однесување. А ти мораш да признаеш дека добро не се однесуваше во многу ситуации, твоите хистерии, бес, лупања, удирања, љубомроа, тепања и уште многу други работи за кои луѓето те осудуваат, што девојките на твои години ова не го прават, да не зборам за сексот и зборовите изговорени во тие ситуации. Не осудувам што си се заљубила, јас ти направив видео кое и самата го виде, тоа беше мојот став. Љубовта нема никаква врска со твоето однесување, и на крајот кога се заврши и си дојде дома, ти реков оди на море и исклучи го телефонот да не бидеш достапна за сите, малку луѓето да заборават на сите твои глупости. А ти ставаш слики со голи задници, а новинари ко новинари, кај нив шоуто не е завршено, па сега продолжуваат твоите гадости да ги пишуваат. До кога? Не заборавај дека не си единствена ти Џогани, се тоа што го направи и го правиш влијае на сите од семејството Џогани. Јас 25 години го градам овој бренд, а ти за само неколку месеци фрли се во вода, не е фер! Ако имаш малку срце ќе знаеш тоа да го почитуваш, ова е пораката која беше и испратена на Луна од нејзиниот чичко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст