Претседателот на Франција, Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит ја примија репрезентацијата на земјата на свеченост во Елисејската палата по освојувањето на светската титула на Мундијалот 2018.
– Ви благодариме за победата, се гордееме со вас. Никогаш не ги заборавајте вашите корени. Помнете што претставуваат за вас родителите, вашиот клуб, кој ве изградил, сето тоа е Франција, рече претседателот.
Над 1.300 гости, вклучувајќи и многу фудбалери и ученици, присуствуваа на прославата во Елисејската палата.
И покрај летните горештини, околу половина милион луѓе го исполнија просторот на „Шанз-Елизе“ од Триумфалната капија до плоштадот Конкорд и ги поздравија светските шампиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст