| четврток, 6 декември 2018 |

Влада на РМ: Прославата за НАТО и ЕУ чинеше 179.500 евра

Организацијата на прославата за поканата од НАТО и датумот за преговори со ЕУ, обезбедувањето на соодветна техника, озвучување, осветлување, бини, редари, технички персонал, сценска опрема, ангажман на 40-тина изведувачи коишто настапија во 15 градови ширум Македонија, транспорт на опрема и технички персонал, промоција на настаните, графички и визуелни решенија и активности за промоција, а сѐ вкупно со сите ставки чини 11.900 евра по град или вкупно 179.500 евра за прославата „Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ“ во сите градови, соопштија од Владата.

Одлуката да се организира прослава била донесена на владина седница на 10 јули, а организациониот одбор го предводел поранешниот министер за култура, а сега национален координатор, Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка.

– Концептот на прославите подразбираше децентрализација, квалитетна и различна музика во многу градови, со културна програма преку која се ангажира домашна музика со која се одбележува успехот на Македонија на поле на остварување на стратешките определби, членството во ЕУ и НАТО. Трошоците за организацијата на настаните се скромни, по нормални пазарни цени. За промоцијата на настаните не се потрошени средства за реклами во медиумите, ниту пак се потрошени било какви средства за организиран превоз на публика од едни во други градови, велат од Владата.

Во продолжение го пренесуваме извештајот од Владата за вкупната сума за реализација на настаните, разложена по ставки:

Ангажман на 40-тина домашни изведувачиутврден со засебни авторски договорисо секој од нив и вкупно за сите, во сите 15 градови и настапи на домашните изведувачи чини 75.500 евра. Во секој договор е наведено дека ангажманот е за „прослава по повод поканата за Македонија за членство во НАТО“ со наслов “Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ”. Трошоците за неколкуте изведувачи кои го откажаа ангажманот не се вклучени во пресметката и нема да се реализираат, а административната процедура со нив ќе се заврши по пат на спогодба.

Сценската опрема, бините, системите за озвучување и осветлување за 15 настани се реализирани од страна на компанија со којашто Владата на Република Македонија има склучено договор, врз основа на тендер и спроведена јавна набавка, којашто тековно врши услуги за изнајмување и ракување со опрема за аудио и видео поддршка на настани во надворешен простор за потребите на државните институции. Вкупната сума за сите трошоци за сцени и сценска опрема, за сите 15 места низ градовите односно за сите 15 настани, чини 49.000 евра или околу 3.200 евра по град.

Сите останати потреби и услуги за организација на настаните, што подразбира обезбедувањето на соодветна логистика, 150 редари, технички персонал, заштитни огради, 15 шатори, 15 гитарски засилувачи на звук и клавијатури, транспорт на опрема и технички персонал, чини вкупно, за сите 15 настани во градовите 35.000 евра или околу 2.300 евра по град. За оваа ставка, преку соодветни законски постапки се спроведе тендер со три понуди за избор на најповолен понудувач, по што преку критериум најниска цена, избрана е компанија која ги реализираше услугите за организација на настаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top