| четврток, 6 декември 2018 |

Секој хороскопски знак има по 3 лица: Откријте кое е вашето?

ОВЕН
ПРВА ДЕКАДА (21.03 – 30.03)
ВЛАДЕТЕЛ – МАРС
Полни сте со енергија, страст и ентузијазам. Животот ви е преполн со изненадувања и потфати што го будат адреналинот, а она што ви недостасува се трпението и самоконтролата. Во љубовта сте ненадејни, брзо пламнувате, но уште побрзо емоционално се гасите. Внимавајте на главата, забите, очите и ушите.
ВТОРА ДЕКАДА (31.03 – 10.04)
ВЛАДЕТЕЛ – СОНЦЕ
Вие сте роден лидер, сакате доминантни улоги, чекорите со подигната глава, ја чувате гордоста и уживате во прекрасните комплименти од околината. Великодушни сте и дарежливи. Имате многу пријатели и активен социјален живот. Поседувате талент за заведување.
ТРЕТА ДЕКАДА (11.04 – 20.04)
ВЛАДЕТЕЛ – ЈУПИТЕР
Активни сте и приземни. Тежнеете кон високи и угледни позиции во општеството и на работното место. Вие сте голем авантурист и истражувач. Способни сте да ги остварите вашите идеи. На работниот пат ве чекаат успех и пари, а на интимниот брак од љубов.
БИК
ПРВА ДЕКАДА (21.04 – 29.04)
ВЛАДЕТЕЛ – ВЕНЕРА
Поседувате природни убавина, шарм и сензуалност. Има нешто во вас кое ги привлекува луѓето во вашата близина. Сакате музика, мода, вкусна храна и избрано вино. Еротични сте, заводливи и не можете да си го замислите вашиот живот без партнер и љубов.
ВТОРА ДЕКАДА (30.04 – 09.05)
ВЛАДЕТЕЛ – МЕРКУР
Комуникативни сте, елоквентни, можете да бидете успешни во областа на пишувањето, дизајнот, маркетингот и односите со јавноста. Имате многу хобија. Рано започнувате да заработувате за живот. Вашите врски главно започнуваат од пријателство и важно ви е со партнерот да делите исти интереси.
ТРЕТА ДЕКАДА (10.05 -20.05)
ВЛАДЕТЕЛ – САТУРН
Амбициозни сте. Многу ви значи материјалната сигурност и професионалниот успех, па целата енергија ја вложувате во тоа. Многу сте упорни, тврдоглави и неприлагодливи. Не се препуштате на чувствата.
БЛИЗНАЦИ
ПРВА ДЕКАДА (21.05 – 31.05)
ВЛАДЕТЕЛ МЕРКУР
Комуникација, образовни установи, забавна индустрија и работа во медиуми се само дел од областите во кои би можеле да остварите успех. Зборлести сте, духовити, симпатични, сакате да ви се восхитуваат поради знаењето, а и гестикулацијата ви е жива. Чувајте ги нервите.
ВТОРА ДЕКАДА (01.06 -11.06)
ВЛАДЕТЕЛ – ВЕНЕРА
Уживате во заведувањето, знаете како да им се допаднете на другите, секогаш сте во центарот на случувањата, имате многу познаници, а малку вистински пријатели. Ги следите модните трендови. Долгата врска често ви досадува.
ТРЕТА ДЕКАДА (12.06 – 20.06)
ВЛАДЕТЕЛ – УРАН
Интелигентни сте, информирани, ве привлекуваат луѓе со цврст карактер и необичен начин на размислување. Имате многу таленти и можете да работите повеќе работи истовремено. Ја сакате вашата слобода и не е лесно да се задржите на едно место. Врските ви се полни со подеми и падови.
РАК
ПРВА ДЕКАДА (21.06 – 30.06)
ВЛАДЕТЕЛ – МЕСЕЧИНА
Романтични сте, чувствителни и интуитивни. Верни сте на семејството и традиционалните вредности. Вашето расположение во текот на денот се менува неколкупати. Фантазирате и се грижите за оние кои ги сакате. Ги криете чувствата, ранливи сте и се плашите од емоционални повреди.
ВТОРА ДЕКАДА (01.07 – 11.07)
ВЛАДЕТЕЛ – МАРС И ПЛУТОН
Во детството се повлечени и срамежливи, а во зрелата доба се претвораат во самосвесни војници, не дозволувајќи да ги навредуваат и омаловажуваат. Тешко се носат со бурата од емоции и страсти кои ги кријат од останатите. Великодушни се, чувствителни, понекогаш арогантни и провокативни.
ТРЕТА ДЕКАДА (12.07- 22.07)
ВЛАДЕТЕЛ – НЕПТУН
Вие сте уметничка душа и животот ви е незамислив без добра книга, танц, музика…Го сакате морето и водата, бидејќи тоа ве опушта. Склони сте кон илузии, особено кога ќе се заљубите. Не ве плаши самотијата, но стравувате од губењето на љубовта и саканата личност.

ЛАВ
ПРВА ДЕКАДА (23.07 – 02.08)
ВЛАДЕТЕЛ – СОНЦЕ
Театрални сте, знаете да се наметнете, да привлекувате внимание, да заведете, да покажете самосвест. НЕ поднесувате авторитети, иако својот со задоволство го наметнувате на другите. Сакате деца, игра, забава, убави работи и живот на висока нога. Чувајте го срцето и крвниот систем.
ВТОРА ДЕКАДА (03.08 – 12.08)
ВЛАДЕТЕЛ – ЈУПИТЕР
Великодушни сте, оптимистични и забавни. Знаете да ракувате со парите и по правило тие лесно доаѓаат во вашиот живот. Имате високи морални принципи, ја цените вистината и искреноста. Еден дел од животот можете да го поминете во странство. Низ животот имате многу љубовни врски.
ТРЕТА ДЕКАДА (13.08 – 22.08)
ВЛАДЕТЕЛ – МАРС
Енергични сте, страсни, активни и одлучни. Не поднесувате монотонија и секогаш сте во потрага по некои нови искуства. Тешко ги контролирате чувствата, а љубовниот живот ви е бурен и непредвидлив. Најголемата опасност за вашето здравје е лудиот и стресен ритам на живот.
ДЕВИЦА
ПРВА ДЕКАДА (23.08 – 02.09)
ВЛАДЕТЕЛ – МЕРКУР
Многу размислувате, долготрајно анализирате, сѐ сакате да испланирате и ништо не оставате на случајност. Го цените квалитетот и совршеноста. Се обидувате да го дадете најдоброто од себе. Вие сте голем работохоличар. Ги смирувате чувствата и никогаш не се заземате за себе.
ВТОРА ДЕКАДА (03.09 – 12.09)
ВЛАДЕТЕЛ – САТУРН
Делувате ладно и испланирано, ги контролирате емоциите и честопати сте претерано сомнителни и внимателни. Ги сокривате чувствата во страв дека можете да бидете повредени. Рационално располагате со парите. Важна ви е финансиската стабилност, и не се потпирате многу на емоциите.
ТРЕТА ДЕКАДА (13.09 – 22.09)
ВЛАДЕТЕЛ – ВЕНЕРА
Педантни сте, со добар вкус, секогаш добро облечени и пристојно дотерани. Имате смисла за дипломатија, не сакате грубост и се обидувате со сите да бидете љубезни. Добри сте во вашата работа. Бегате од интензивните чувства, а партнерот го набљудувате со критички очи.
ВАГА
ПРВА ДЕКАДА (23.09 – 02.10)
ВЛАДЕТЕЛ – ВЕНЕРА
Имате волшебна насмевка, неодолив шарм, а со убавите зборови ги отворате сите врати. Бракот и љубовта ви се исклучително важни. Едноставно не знаете, но и не можете да бидете сами. По природа сте необични и несамостојни. Често се занимавате со работа која е поврзана со убавина или жени.
ВТОРА ДЕКАДА (03.10 – 12.10)
ВЛАДЕТЕЛ – УРАН И САТУРН
Зад љубезната природа се крие силен карактер. Без разлика колку пати животот ќе ве удира, вие секогаш ќе останете на своите нозе. Вие сте како железна рака во кадифена ракавица. Кога ќе ве налутат, знаете да бидете опасни и немилосрдни. Амбицијата може да ве одведе на патот на работните успеси.
ТРЕТА ДЕКАДА (13.10 – 22.10)
ВЛАДЕТЕЛ – МЕРКУР
Можеби животот не ве галел, но ве одвел на патот на самоостварувањето и личниот развој. Надарени сте за музика, танц и глума. Долго ја задржувате младоликоста и виталноста.
СКОРПИЈА
ПРВА ДЕКАДА (23.10 – 02.11)
ВЛАДЕТЕЛ – МАРС
Често имате исклучителни способности, понекогаш и натприродни. Имате силен карактер, страсни сте и секогаш желни за предизвици и докажување. Знаете да бидете чувствителни и љубоморни. Можете да се занимавате со стресна или ризична работа. Во љубовта не сте многу верни.

ВТОРА ДЕКАДА (03.11 – 12.11)
ВЛАДЕТЕЛ – НЕПТУН
Без разлика колку тешко ги преживувате емоционалните бури, на вас тоа нема да биде видливо. Имате голема моќ на самоконтрола, но и харизма. Во една животна фаза можете да се насочите кон мистицизам. Длабоко сте интуитивни, креативни и интелигентни.
ТРЕТА ДЕКАДА (13.11 – 21.11)
ВЛАДЕТЕЛ – МЕСЕЧИНА
Задоволни сте со себе, но и многу мечтовите и чувствителни. Зрачите со сексапил, заведувате со погледот на кој е невозможно да се одолее. Иако знаете да се однесувате самодеструктивно, можете да поминете низ тешки животни кризи, а имате и голема способност за регенерација. Неуништливи сте.

СТРЕЛЕЦ
ПРВА ДЕКАДА (22.11 – 01.12)
ВЛАДЕТЕЛ – ЈУПИТЕР
Ве краси голем оптимизам, жед за знаење, интерес за далечни патување и други култури. Имате нос за бизнис. Знаете да уживате, а омиленото мото ви е „Живеј и оставете ги другите да живеат“. Среќата често ве чека далеку од местото во кое сте родени.
ВТОРА ДЕКАДА (02.11 – 11.12)
ВЛАДЕТЕЛ – МАРС
Можете да дојдете до тајни знаења, да го изучувате минатото и старите народи, односно да се занимавате со работа во која на другите луѓе ќе им ја будите свеста за нивната улога во животот. Не поднесувате кога некој ви наметнува авторитет или ве попречува. Рано си заминувате од родителите.
ТРЕТА ДЕКАДА (12.12 – 21.12)
ВЛАДЕТЕЛ – СОНЦЕ
Барате успех. Морате да постигнете нешто повеќе, да бидете над просекот. Барани сте. Иако имате многу пријатели, поважен ви е вашиот личен простор. Ја сакате природата, патувањата, ве занимава филозофијата, и истражувачката работа.
ЈАРЕЦ
ПРВА ДЕКАДА (23.12 – 31.12)
ВЛАДЕТЕЛ – САТУРН
Во вашиот живот сѐ е поход, и без разлика колку илјадници километри би требало да поминете, нема да се откажете додека не стигнете до целта. Упорни сте, доследни, сериозни и одговорни. Рано во животот се сретнувате со одрекување, но тоа е само вашиот подем кон врвот.
ВТОРА ДЕКАДА (01.01 – 10.01)
ВЛАДЕТЕЛ – ВЕНЕРА
Рано созревате, удобно се чувствувате во друштво на зрели луѓе. Рационални сте, штедливи, но можно е да ва заслепи раскошот, па дури и алчноста. Добро се снаоѓате во организирањето на работата и работата со луѓе. Во љубовта сте верни.
ТРЕТА ДЕКАДА (11.01 – 20.01)
ВЛАДЕТЕЛ – МЕРКУР
Имате високо мислење за себе и многу вложувате во образованието и кариерата. Во зрелата доба уживате во своите постигнувања. Тежнеете кон духовен развој, но ниту материјалните задоволства не ви се непознати. Сакате црн хумор.
ВОДОЛИЈА
ПРВА ДЕКАДА (20.01 – 29.01)
ВЛАДЕТЕЛ – УРАН
Социјални сте, духовни, гладни за непредвидливи идеи и необични искуства. Ги сакате луѓето, оригинални сте, непосредни и за поголемиот дел од луѓето – несфатливи. Со духот сте пред вашето време, ја сакате науката, научната фантастика и сето она што може да ве возбуди и да го разигра вашиот ум.
ВТОРА ДЕКАДА (30.01 – 08.02)
ВЛАДЕТЕЛ – МЕРКУР
Комуникативни сте, непосредни, многу размислувате и бавно зборувате. Најдобро ви лежат креативните работи и тимската работа. Сакате друштво од млади личности, знаете да ги насмеете и забавувате соговорниците. На интимен план честопати ќе ги помешате љубовта и пријателството.
ТРЕТА ДЕКАДА (09.02 – 19.02)
ВЛАДЕТЕЛ – ВЕНЕРА
Во вас се одвива расправија помеѓу старото и новото, помеѓу желбата да тргнете понатаму и да останете тука каде што сте. Можете да постигнете многу во работата која е поврзана со мода, дизајн, нови технологии. Колку и да сте скептични, не престанувајте да го истражувате сето она што е ново и непознати.
РИБИ
ПРВА ДЕКАДА (19.02 – 28.02)
ВЛАДЕТЕЛЕ – НЕПТУН
Мечтовити сте, креативни, можете да бидете надарени за компонирање музика, пишување стихови, за танцување, за книжевност и глума. Исклучително сте интуитивни, склони кон идеализирање и платонска љубов. Немате многу смисла за практично, верувате во првиот впечаток и својата интуиција.
ВТОРА ДЕКАДА (29.02 – 09.03)
Романтични сте, ранливи и емотивно несигурни. Сакате деца, се држите до семејството и оние кои га сакате. Им помагате на послабите и немоќните. Тешко си заминувате од родителскиот дом. Мајката има посебна улога во вашиот живот. Лесно се заљубувате и сте во вечна потрага по сродна душа.
ТРЕТА ДЕКАДА (10.03 – 19.03)
ВЛАДЕТЕЛИ – МАРС И ПЛУТОН
Надарени сте со сексапил и сте доста вешти во заведувањето. Посесивни сте кон саканата личност и често ја притискате со големи очекувања. Интуицијата е вашиот водич низ животот. За вас е важно да имате јасна цел во животот, но и разработена стратегија за нејзино остварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top