| четврток, 6 декември 2018 |

Социјалните мрежи горат: Една реченица го откри односот меѓу Кејт и принцот Вилијам!

Привлекоа големо внимание вчера на финалето на Вимблдон кога се појавија во кралската ложа во Лондон, што со изгледот, што со стилот, а тогаш на површина исплива и за што разговарале војвотката и војводата од Кембриџ. Една реченица откри многу за нивниот однос.

-Како ми е драго што принцот Вилијам ја праша Кејт дали неговите наочари се во нејзината торба- тоа е таа реченица која излезе од кралската ложа, а која потоа ги запали социјалните мрежи.

Одушевувањето е предизвикано бидејќои Кејт и Вилијам открија дека како и сите други парови, носат полни торби со се и сешто на другата половина.

А комплиментот дека Вилијам и Кејт се пар како и секој друг, вистински, е ден од најголемите кои можеа да го добијат.

И да, очилата се на крај пронајдени, па Вилијам на мира можел да го гледа финалниот меч меѓу Новак Ѓоковиќ и Кевин Андерсон, на кој Ѓоковиќ триумфираше.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top