„Солзи. Солзи од гордост. Искрени аплаузи. Финалето на Светското фудбалско првенство за Хрватите заврши онака како што и почина, кога се слушна звукот од националната химна: Со детска неверица дека Хрватска е дел од таков спектакл, кој го гледа цел свет“, ја започнува германски „Билд“ својата кратка статија под наслов „Најдобрите губитници на сите времиња“.
Додаваат дека во 90 минути од натпреварот, Хрватите со резултат заостануваа зад Французите само 20 минути, но во Сплит владееше славеничка атмосфера како хрватската репрезентација да оствари сензационална победа на првенството.
„Никој никогаш нема да го заборави овој историски ден во малата, млада, а сепак горда Хрватска. После резултат од 2:4, започна големата финална журка, а поразената земја се покажа како најдобар губитник на сите времиња. Мирни, полни со почит за противникот и без замерки што ја пропуштија големата шанса. Како големо семејство, ја позлатија својата сребрена ноќ“, заклучува „Билд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст