| четврток, 6 декември 2018 |

Џан: Сум играл со шампиони, но Роналдо е нешто друго

Новиот фудбалер на Јувентус, Емре Џан, го пофали Кристијано Роналдо, кој денес ќе биде претставен како играч на „старата дама“.

Роналдо пристигна во Торино минатата ноќ и денеска ги помина задолжителните медицински прегледи во клупската база. Неговата официјална презентација пред обожавателите и новинарите ќе се одржи денеска во 18:30 часот по македонско време.

– Имав привилегија да играм со некои шампиони од светска класа, но Кристијано Роналдо можеше да ја крене класата на секој тим. Тој е исклучителен. Многу сум задоволен што ќе имам можност да играм со него, рече Емре Џан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top