Со освојување на вторто место на фудбалското Светско првенство (СП) во Русија, хрватската репрезентација заработи огромно богатство – 28 милиони долари, а Французите за светската круна заработија уште 10 милиони долари повеќе.
Секоја репрезентација која се пласираше на СП доби по осум милиони долари, а плсманот во втората фаза од шамионатот значеше и дополнителни четири милиони долари.
Наградата за учество во полуфиналето е 22 милиони долари, колку што изнесува и наградата за четвртото место.
Третото место донесува 24, второто 28 милиони, а светската титула дури 38 милиони долари.
Водството на Хрватскиот фудбалски сојуз и играчите се договориле дека 60 отсто од наградата на ФИФА да го добие Сојузот, а 40 отсто играчите и стручниот штаб во сооднос 80-20.
ФИФА го зголеми наградниот фонс за СП во Русија на 400 милиони долари, што е за 12 отсто повеќе во однос на СП во Бразил 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.