| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Про-руски бизнисмени се обидуваат да ја спречат земјата да се приклучи на НАТО

Претседателот на владата на Република Македонија Зоран Заев во интервју за BuzzFeed News изјави дека има информации за про-руски бизнисмени кои се обидуваат да ја спречат земјата да се приклучи на НАТО, со креирање на насилни протести.

Странци блиски со Русија платиле илјадници долари да предизвикаат насилство со цел да ја спречат Македонија да се интегрира во НАТО, истакна Заев.

Дел од нив се поврзани со медиуми, дел ги охрабруваат младите луѓе да протестираат пред парламентот, да напаѓаат полицајци. Тоа е многу очигледно, додаде тој.

Заев одби да именува кој стои зад плаќањата, спомнувајќи ја истрагата која е во тек и чувствителноста на дипломатските односи кои ја опкружуваат земјата во обидите за членство во НАТО. Тој нагласи дека полицијата дознала за плаќањата по приведувањето на неколку учесници во насилните протести пред парламентот минатиот месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top