| четврток, 6 декември 2018 |

Спасувач ја напуштил крштевката на ќерка си за да бара загубен Французин на Пелистер

Француски турист денес се загубил на Пелистер, потврдиле за СДК.МК спасувачи од Дирекцијата за заштита и спасување. Четворицата спасувачи кои се вклучени во акцијата вечерва го пребаруваат теренот околу Мало Езеро на Пелистер.

Тие морале да ја напуштат крштевката на ќерката на еден од спасувачите за да тргнат во потрага по загубениот странец.

-Кога ја добивме веста, ја славев крштевката на мојата ќерка, а на неа присуствуваа и други од спасувачкиот тим. Штом слушнавме, веднаш скокнавме на нозе и тргнавме во потрага по Французинот. Според дојавата што ја добивме, тој денес сам се искачувал на планината. Потрагата продолжува понатаму,  изјавил за порталот планинарот и спасувач Петар Нолев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top