| четврток, 6 декември 2018 |

Ние младите, мајче, ќе ја браниме Македонија (ФОТО)

Солзите на оваа жена го одбележаа денешниот протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци. Нема човек кој помина, а не подзастада да ѝ се поклони на оваа мајка македонска, која од терасата ги гледаше Македоците со верба и душа како пеат патриотски песни.

Претседателот на Унијата на млади сили, Лука Кржалоски, ја посети во нејзиниот дом по завршувањето на марпот и ѝ ја пренесе пораката од младите.

„Мајче, секоја твоја солза нема да биде залудно пролеана.
Секој плач за Македонија, е искрен крик за нејзино ослободување од оваа црна чума што надвиснала над неа.
Ние младите мајче, ти ветуваме дека ќе ја браниме секоја педа земја од нашата татковина и ќе го зачуваме ова наше свето и вековито име,
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
ДА ЖИВЕЕ!!! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top